ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ-ПОРТАЛОТ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИСОТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Последни вести

Што е МСП?

веб портал којшто ќе биде наменет за бизнис секторот во општината
Поддршката на малите и средните претпријатија ќе се состои во неколку правци

- Организирање на информативни сесии за МСП на коишто претпријатијата ќе се информираат за отворените можности кои им стојат на располагање, АВРМ, Агенција за иновации, ХОРИЗОНТ 2020, амбасада на Кралството Холандија, Национална Агенција за Европски образовни програми Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, Сојузот на стопански комори, како и други релевантни можности ;

- Организирање на обуки за релевантни економски теми кои би биле од интерес на МСП за развој на човечките ресурси во претпријатијата, од типот на сметководство, деловен англиски, однесување со потрошувачи итн.;

- Промоција на производите на претпријатијата преку порталот, порталот ќе спроведува акции од типот на промоција на производ, промоција на претпријатие, промоција на вработени во фирмите, успешни приказни и слично;

-Организација на потрошувачки клубови, промоција на трговски центри, промовирање на активности;

-Организирана обука на нови кадри согласно потребите на претпријатијата;

- Пружање на сервисни информации на претпријатијата. Општина Аеродром во текот на изминатите неколку години организираше низа настани наменети за своите граѓани. Беа опфатени различни категории на граѓани но најголем дел од овие настани се однесуваа на МСП и на невработените лица. Вкупно се организирани 143 настани (Обуки, семинари, работилници, форуми, промоции на мерки, презентации) на овие настани присуствуваа околу 3000 граѓани. Општината и во иднина ќе продолжи со организација на настани од овој вид.

  • ПРОМОЦИЈА НА ДЕНОТ

    Oпштина Аеродром преку овој портал ќе врши дневна промоција на фирми коишто егзистираат на територијата на општината. Доколку сакате да обезбедите бесплатна реклама за Вашата фирма потребно е да се регистрирате на нашиот портал, да не контактирате, и да ни обезбедите материјал. Секоја фирма која ќе достави материјал ќе биде објавена на нашиот портал. Секој ден ќе вршиме промоција на 4 различни фирми. Единствен критериум којшто фирмата треба да го исполнува за да обезбеди бесплатна реклама на нашиот портал, е истата да биде регистрирана на територијата на општина Аеродром и претходно да се регистрира на нашиот портал. Рекламирањето ќе се врши на принцип прв пристигнат прв објавен.

Промоција на денот

Бреинобреин Еуропе ДООЕЛ Скопје

Brainobrain е една од детските светски институции која веќе над 10 години успешно ги трансформира животите на повеќе од 1.000.000 деца низ целиот свет.

Инстал Систем

Комплетен инженеринг услуги во областа на електричните инсталации од концепт до дизајн, изведба, предавање и приклучок за употреба.

Едукативен центар СОНЦЕ

Неформално образование на деца и возрасни.

ДВ Глобал – Центар за образование и услуги

Курсеви по странски јазици и други услуги како на пример: превод и толкување, логистичка помош во организирањето на разни настани.

Поважни податоци за мали и средни претпријатија

Контакт