Совет

kamilovskiПретседател на совет

Д-р Виктор Камилоски е роден на 5.4.1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. На Медицинскиот факултет се запишал во учебната 1980/1981 година, а студиите ги завршил во јуни 1986 година со среден успех 8,70.

Од октомври 1988 година е вработен во Градската општа болница, Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Специјалистичкиот испит по општа хирургија го положил на 24.3.1995 година. Супспецијализација по трауматологија завршил на 24.4.2000 година. Работел на повеќе одговорни и раководни функции како: шеф на одделот за асептична хирургија, началник на ургентниот центар при ГОБ, генерален директор на Градска општа болница.

Има богато хируршко и оперативно искуство, особено во областа на трауматологијата. Магистер по трауматологија е од 1988 година (Клиничка и рендгенолошка евалуација на третманот на фрактурите на радиус на типично место).

За помлад асистент по предметот хирургија е избран на 23.3.1993 година, додека за асистент по истиот предмет е избран на наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет на 26.12.1997 година.

Докторирал на тема фрактури на дистален радиус и третман со екстерна фиксација во 2008 година.

Стручно – научна активност

Уште за време на специјализацијата по општа хирургија покажувал склоност кон научно-истражувачка дејност на трауматолошкото одделение при Градската општа болница, Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Учесник е на бројни секциски и интерсекциски состаноци на домашни и на меѓународни конгреси и симпозиуми на кои учествувал активно со усна презентација или постер презентации.

Со свои и со заеднички трудови учествувал на разни стручни конгреси, симпозиуми и состаноци во земјава и во странство. Има студиски престои во неколку наврати во Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија и тоа во 1994 и во 1996 година.

Завршил неколку курсеви од областа на трауматологијата и тоа:

AO. Advanced course on the operative treatment of fractures and nonunions, (Theoretical basis and practical principles) March, 1994, Slovenia

AO Spine course, May 1996, Slovenia

I-st Macedonian Basic Course in Arthroscopy, October. Skopje 1996

Hands-on Course Cadaver dissection in Traumatology with cadaver dissections. (Pricniples in fracture treatment, Aproaches and osteosynthesis, Fracture treatment Growth,Hand surgery, Pelvis, /Acetabulum, Spinal trauma), Grac, Avstrija 2005

American hospital –Istanbul, Turkey, 2008 study

Congres of foodbal medicine, Maribor Sloveni

Arthroscopic course, Ljubljana Slovenia

Наставна и публицистичка дејност

Во изминатиот период ас. д-р Виктор Камилоски, активно бил вклучен во практичната активност со студентите од Медицинскиот и од Стоматолошкиот факултет, пренесувајќи им ги современите ставови на полето на хирургијата. Студиозно им приоѓа на поставените задачи, со добра смисла за педагошка работа. Исто така, има објавено бројни трудови во земјава и во странство.
членови на Совет на Општина Аеродром(мандат 2013-2017)

Ред.бр. Име и презиме Национал. Квалификац.

школска подг.

Вработен

работно место

Полит. партија
1. Виктор Камилоски Mакедонец ВСС Доктор на Градска болница-Скопје ВМРО-ДПМНЕ
2. Синиша Стојаноски

Mакедонец ВСС-медицински факултет Медицински факултет ВМРО-ДПМНЕ

3. м-р Сања Петровска Mакедонка магистер за софтверски инженеринг Министерството за информатичко општество и администрација ВМРО-ДПМНЕ

4.

Марко Филиповски

Mакедонец студент / ВМРО-ДПМНЕ

5.

Пане Антовски

Mакедонец ВСС

менаџмент

ЈП Водовод и канализација маш.техничар

ВМРО-ДПМНЕ

6. Ирена Блажевска

Mакедонка ВСС

правник

Министерство за финансии ВМРО-ДПМНЕ

7. Дијана Цветковска

Mакедонка ВСС економист Царинска управа на РМ НЛП
8. Михајло Коштримовски

Mакедонец ВСС

економист

Нафотовод ДОО СКопје ВМРО-ДПМНЕ

9. Дејан Митески

Mакедонец ВСС

правник

Советник во Министерство за транспорт и врски ВМРО-ДПМНЕ

10. Александар Шехтански

Mакедонец ВСС

актер

НУ МНТ

ТМРО
11. Мелина Голубовска

Македонка

ВСС

Политиколог

ЈП Водовод и канализација ВМРО-ДП

12.

Крсте Врбовски

Mакедонец

ВСС

економист

Интергео Вардар

ДС

13. Гордана Богичевиќ

србинка ССС- сообраќаен техничар Управител

АБ транс

ДПСМ

14. Бошко Стојкоски

Mакедонец ВСС Соработник во Агенција за храна и ветеринарство ВМРО-ДПМНЕ
15. Сашо Петковски

Mакедонец

ССС

сообраќаен техничар

Агенција за млади и спорт ВМРО-ДПМНЕ

16. Гена Стојановска

Mакедонка ВСС

архитект

Советник во Биро за судски вештачења ВМРО-ДПМНЕ

17. Ацо Костадиновски

Mакедонец ВСС Министерство за транспорт и врски ВМРО-ДПМНЕ

18. Љубица Јанчева

Mакедонка Доктор на наука Институт за национална историја СДСМ
19. Марко Данилоски

Mакедонец ВСС

полотиколог

/ СДСМ
20. Љупчо Јованов

Mакедонец ВСС ОКТА сметководител СДСМ
21. Даниела Николова

Mакедонка ВСС професор СДСМ
22. Санде Џамбазов

влав ССС ФАКОМ СДСМ
23.

Марјан Здравковски

Mакедонец ВСС МВР

Самостоен аналитичар

ЛДП
24. Вангелина Мојаноска

Mакедонка ВСС ОУ Лазо Ангеловски

наставник

СДСМ
25. Саша Гајиќ

србин ССС DINERS klub

комерција

СДСМ
26. Робертин Љушев

Mакедонец ВСС управител ВМРО-народна
27. Гоце Јовчев

Mакедонец ССС пензионер НА