Известување до сите деловни субјекти во Општина Аеродром

Државниот завод за статистика како надлежна институција за прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци, во периодот од 01 до 12.11.2016 година на територијата на Општина Аеродром истовремено ќе спроведе две статистички акции: Попис на капацитетите во трговијата на мало и Попис на угостителските капацитети. Пописите ќе бидат спроведени од страна на овластени попишувачи кои ќе ги прибираат податоците по пат на интервју од деловните субјекти ( продавници, хотели, ресторани и слично).

Заради успешна реализација на теренските активности, ги замолуваме сите деловни субјекти да соработуваат со овластените попишувачи.