Можности за финансирање од Фондот за иновации и технолошки развој

 

Фондот за иновации и технолошки развој е основан во Декември 2013 година со фокус на работа финансирање и кофинансирање на микро, мали и средни претпријатија, со цел поттикнување на иновациската дејност, поддршка на компаниите што имаат висок потенцијал за раст заради постигнување долгорочен позитивен придонес за развојот на националната економија.

Фондот располага со 4 програми и тоа: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ со кој Фондот обезбедува финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот на претпријатието апликант, до максимален износ од 30.000 евра; Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации со кои се обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра; Кофинансирани грантови за трансфер на технологии со кои се финансира 50% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 200.000 евра и Техничка помош преку деловно- технолошки акцелератори наменета за високообразовни, односно научноистражувачки институции.

За повеќе информации претпријатијата можат да ја посетат веб страната на Фондот www.fitr.mk