Можности за финансирање преку Агенцијата за Вработување на Република Македонија

Со цел да допринесе за јакнење на домашната економија, односно стимулира раст на домашните компании а во исто време и да се зголеми бројот на работни места, Агенцијата за Вработување нуди програми за мали и средни претпријатија.

Имено, таа  дава неповратни грантови во износ од 92.000 денари  во опрема и материјали за успешни и иновативни микро и  мали претпријатија заради отворање на нови работни места. Овие грантови се наменети за претпријатија кои вработуваат невработени лица и должни се да го задржат вработениот уште 12 месеци од денот на вработување.

Исто така, доколку претпријатијата вработуваат лица од 15-58 години до пензионирање се ослободуваат од плаќање на придонеси за социјално осигурување и персонален данок на доход за период од 12 месеци.

Агенцијата за Вработување дава поддршка и на брзорастечки фирми- Газели во неповратни грантови за опрема со максимален износ до 615.000 денари по фирма. Обврска на претпријатијата е да вработат минимум 3 лица и истите да ги задржат или да го зголемат  бројот на нововработени лица во времетраење на период од 3 години.

За овие и останататите поволности коишто се нудат преку неа, посетете ја Агенцијата за Вработување на Република Македонија или информирајте се на нејзината веб страна www.avrm.gov.mk.