Нова Веб платформа за МСП

Направена е нова веб платформа  www.shareworkspaceskopje.mk,  преку која  претпријатијата  можат да го споделат,  односно изнајмат својот деловен простор во времето кога не го користат самите.  Споделувањето може да се направи  на час или ден  и  да се оствари екстра  заработка.

Од друга страна, доколку  претпријатијата имаат потреба да организираат деловен состанок со некој партнер, платформата е повторно идеално решение.  Ова посебно се однесува за микро и старт ап компании кои не располагаат со соодветен канцелариски простор а потребно е  да организираат средби  со потенцијални инвеститори.

Регистрацијата на веб платформата  е бесплатна како и нејзиното користење,  а претпријатијата можат да го издаваат својот како  и да бараат деловен  простор. Платформата се однесува само за деловен и канцеларистки простор во Скопскиот регион.