Отворени повици од Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој го објави Четвртиот јавен повик за поднесување предлог проекти за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Предлог проектите може да бидат поднесени од поединечен апликант (микро, мало или средно претпријатие) или од конзорциум воден од микро, мало или средно претпријатие.

Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 евра.

Повикот трае од 03.02.2017- 03.05.2017

Повеќе информации на следниот линк:

http://www.fitr.mk/portfolio-item/%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B5-2/