Отворени повици од Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој го објави Четвртиот јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот Кофинансирани грантови за стартап и спиноф компании.

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 евра.

Повикот трае од 03.02.2017- 03.05.2017

Повеќе информации на следниот линк:
http://www.fitr.mk/portfolio-item/%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B5/