О Г Л А С за Привремено Вработување

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Аеродром, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, Општина Аеродром и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 09.08.2016 година објавуваат:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Унапредување на воспитно образовниот процес и секојдневната грижа на децата со пречки во развој во училиштата во Општина Аеродром”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

–  Дипломиран дефектолог

–  Дипломиран психолог

–  Дипломиран педагог

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Социјален соработник за грижа на деца со пречки во развојот

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Аеродром во периодот од 10.08.2016 година до 19.08.2016 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Аеродром и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во ОпштинаАеродром кај лицето Дана Гапковска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје  кај лицето Влатко Ралевски , Центар за социјлна работа Скопје кај лицето Нушка Станковска.