ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Грантовата шема во рамките на проектот „Заедно за успех“ се фокусира на зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, младите претприемачи и единиците за локална самоуправа на локално ниво со цел промовирање на младинското претприемништво, со посебен акцент на немнозинските групи во општеството.  Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари, додека пак максималниот износ по поединечен грант е 320.252 денари. Отворена е за граѓански организации, при што во истата ќе бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации. Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од 6 месеци и да се имплементираат во периодот март – август 2017 година.

Повеќе информации за оваа грантова шема, како и документите за превземање можете да ги најдете на следниот линк: http://www.yes.org.mk/Media/News.aspx?n=585&r=6&l=63&c=22