Повик за доделување на грантови од ПСМ Фондација

ПСМ Фондација како лидер на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” финансиран од Европската унија објавува повик за доделување грантови за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи. Грантовите ќе бидат доделени на граѓанските организации со цел да се придонесе кон развојот на мултикултурната демократија преку унапредување на нивните капацитети и капацитетите на младите претприемачи од различни етнички заедници.

Крајниот рок за поднесување предлог-проекти е 20 јануари 2017 година. Целосниот повик е достапен на следниов линк: https://goo.gl/NIdjCZ

Сите заинтеренирани граѓански организации од Аеродром можат да се информираат на информативните сесии , од кои една е на 13 Декември во Скопје

Пријавувањето за учество на информативните сесии е веќе во тек и се врши на овој линк: https://goo.gl/SA9Kly