Хуманитарен настан – Круг на Хуманоста 2016

Круг на Хуманоста 2016 е настан кој се организира по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица на 4 Септември 2016 година, како и по повод одбележувањето на Светскиот ден на милосрдието (5 Септември) кој глобално се организира по четврти пат почнувајќи од 2013 (кога во Македонија беше организиран и првиот КРУГ НА ХУМАНОСТА).

ЦЕЛТА на овој хуманитарен настан е да се соберат средства за набавка на училишен прибор за децата од поплавените подрачја во Скопје, преку донација на монети.

На 10 Септември од 10:00 до 17:00 часот можете да дојдете кај Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје и да оставите монети во еден од круговите кои ќе бидат создадени околу Спомен Куќата на светицата Мајка Тереза и на тој начин да донирате. Заедно со овој настан, децата од основните училишта од Општините Аердорм и Гази Баба ќе творат создавајќи ликовни дела на тема Хумaноста на Мајка Тереза и нејзните сограѓани.